9 C
Скопје

Дончиќ може да добие екстра засилување, Далас сака да направи Европска „голема тројка“

Доколку Јанис Адетокумпо се одлучи да си замине од Милвоки, како главни фаворити се издвојуваат две екипи, Мајами хит и Далас маверикс.

Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, Милвоки бакс доживеа рана елиминација во плеј-офот, со што започнаа шпекулациите за иднината на најдобриот играч на „елените“, Јанис Адетокумпо.

Грчкиот кошаркар кој е актуелен МВП, а оваа сезона е избран за најдобар дефанзивец, по елиминацијата од Мајами во полуфиналето на Источната конференција, ги проветри свои профили на социјалните мрежи.

Јанис Адетокумпо/EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Адетокумпо ги отследи сите соиграчи од Милвоки на Интастаграм и на Твитер, што во медиумите во САД беше протолкувано како сигнал дека се подготвува да ги напушти „елените“, но во исто време потсетуваат дека и минатата година го направи истото.

Милвоки не се откажува од услугите на Адетокумпо и веќе му подготви нов петгодишен договор со кој ќе заработи вистинско богатство, дури 254 милиони долари.

Прочитајте и...  Коронавирус пред ол-стар натпреварот, двајца кошаркари го откажаа настапот

Но, свои сметки имаат и Далас маверикс и неговиот ексцентричен сопственик Марк Кјубан, кои веќе наголемо се подготвуваат да дојдат до потписот на Адетокумпо. Желбата на Кјубан е Далас да има три европски суперѕвезди , во екипата се веќе Лука Дончиќ и Кристапс Порзингис и се надеваат дека третиот играч ќе биде токму Адетокумпо.

Американските медиуми се погласно говорат дека Далас подготвува мега размена, засега не се споменуваат имиња, но се шпекулира дека Кјубан е подготвен да ги понуди сите играчи освен Дончиќ и Порзингис.

Доколку успее да го премисли Адетокумпо и го донесе во Далас, Кјубан ќе ја исправи грешката од 2013 година. Имено, главниот човек на скаутинг службата на Далас за Европа, Тони Ронзон ја следи кариерата на Адетокумпо уште од неговата 14. година и во 2013 година лобирал кај Кјубан на драфтот да го избере токму грчкиот кошаркар. Но, сопственикот на Далас, не ги послушал советите на Ронзон и на претседателот на екипата, Дони Нелсон.

Прочитајте и...  И „Гардијан“ му симнува капа на Никола Јокиќ: Тој е вистинскиот ѕвер во НБА

Неизвесноста околу тоа дали Јанис Адетокумпо останува во Милвоки или ќе побара да биде разменет, ќе биде позната многу брзо. Според договорот бидејќи влегува во последната година од него, Адетокумпо е обврзан пред крајот на сезоната да ги извести челниците за својата иднина.

Поврзани вести

Филиповски повеќе не е тренер Партизан

Слободен печат

АТП му честита на Новак со фотографија од него и сопругата во кревет

Слободен печат

Тошевски два месеци во аут, го пропушта турнирот на младата репрезентација во Анталија

Слободен печат

Спасителот на Барселона подготвува удар на Реал и Перез, им краде две засилувања

Слободен печат

Европските медиуми го одбележаа историскиот успех на Ѓоковиќ, признание дојде и од Швајцарците

Слободен печат

Познати датумите кога ќе играат Вардар и Веспрем во осминафиналето на ЛШ

Слободен печат

Остави Коментар