Доналд Трамп Џуниор во судница / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Доналд Трамп Јуниор утре доаѓа во Бања Лука

Доналд Трамп Јуниор, син на претседателот на Соединетите Американски Држави, утре доаѓа во Бања Лука, БиХ, пишуваат босанските медиуми.

Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Жељко Будимир, издаде Наредба со која се забранува сообраќајот за сите моторни возила со вкупна маса над 7,5 тони, освен за камиони за јавни и комунални услуги и возила што ќе бидат ангажирани за обезбедување во вторник, 7 април, од 10 до 00 часот по следните патишта.

Будимир нагласи дека полицијата веќе работи на организација на безбедноста во согласност со практиката за пристигнување на ВИП личности.

Доналд Трамп Јуниор е најстариот син на претседателот на САД, Доналд Трамп и е извршен потпретседател на Организацијата Трамп.

Тој се најде во фокусот на јавноста во регионот заедно со зетот на Трамп, Џаред Кушнер, кога се дискутираше за инвестиции во Србија, поточно за изградбата на Трамповата кула во Белград.

Претседателот на СНСД, Милорад Додик,  изјави дека Бањалука станува важен центар на дипломатски и деловни активности, коментирајќи ја информацијата дека Доналд Трамп Јуниор ќе го посети најголемиот град во Република Српска.

„Доналд Трамп Јуниор е секако важна алка во животот на компанијата чиј сопственик е претседателот на Америка“, рече Додик.

Тој за порталот „Проверено“ изјави дека се надева дека ќе се сретне со Трамп Јуниор.

„Само ќе потврдам дека има контакти со него, како оние што ги имаат нашите претставници, и се надевам дека е можно да се сретнеме и тука“, рече Додик.

Доналд Трамп Јуниор на балканска турнеја промовира американски инвестиции

Србија одобри договор со Кушнер за изградба на луксузен хотел на местото на поранешниот генералштаб во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот