Доминација на Јамајка на женскиот спринт: Томпсон-Хера ја одбрани олимписката титула на 100 метри

EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Спринтерката од Јамајка, Илејн Томпсон Хера триумфира на најатрактивната спринтерска трка на атлетските наптреварувања на Игрите во Токио.
Томпсон-Хера победи во финалето на 100 метри со време на нов олимписки рекорд 10.61 секундии тоа пред својата сонародничка и двојна олимписка шампионка Шели Ен Фрејзер –Прајс која истрча 10:74 секунди. Доминацијата на спринтерките од Јамајка ја комплетира Шерика Џексон која го освои бронзениот медал со време од 10:76 секунди. Далеку на четвртото место се пласира Мари-Жозе Та Лу со 10.91 секунда.

EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Во финалето во фрлање диск доминираа Швеѓаните. Нов олимписки шампион во фрлање диск е Даниел Стол, а златниот медал му го донесе фрлањето во втората серија од 68.90 метри.
Стол на овој начин ја потврди доминација во фрлање диск бидејќи победи и на СП во Доха 2019 година.  На второто место се пласира неговиот сонародник, Симон Петерсон кој дискот во петтата серија го фрли 67.39 метри, а неочекувано со бронзен медал се закити Лукас Вајшадингер со далечина од 67.07 метри.

Први победици во мешовитата штафетна трка на 4х400 метри се Полјаците. Штафетата во состав Карол Залевски, Наталија Качмарек, Јустина Свјити и Кајетан Душински триумфираа со време од 3:09.87 минути. Второто место и припадна на штафетата на Доминиканска Република додека бронзениот медал го освои САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот