Доменико Тедеско веќе не е селектор на Белгија
Италијанскиот стручњак Доменико Тедеско веќе не е селектор на белгиската фудбалска репрезентација, соопшти денеска тамошната фудбалска асоцијација.
Препорачано
– Репрезентацијата го завршува поглавјето со Доменико Тедеско. Ти благодариме, Доменико, за твојата посветеност и страст во последните две години. Ти посакуваме сѐ најдобро во иднина – се вели во соопштението на асоцијацијата.
Тедеско ја презеде Белгија во 2023 година, но не ги постигна очекуваните резултати. Оваа репрезентација минатото лето беше елиминирана од Франција во осминафиналето на Европското првенство, а во Лигата на нациите А ја заврши групата 2 на третото место зад Италија и Франција, а во март ги очекува бараж за опстанок против Украина.
Белгиската фудбалска асоцијација не прецизираше кога ќе биде назначен нов селектор, кој освен што ќе остане во Лигата на нации А, ќе има задача и да ја одведе репрезентацијата на Светското првенство во 2026 година.
Потсетување дека Белгија ќе игра во групата Ј против Велс, Македонија, Казахстан и Лихтенштајн во квалификациите и е апсолутен фаворит за освојување на првото место, кое води директно на СП во САД, Канада и Мексико.


