Ајвар/Фото: Flickr

Домашен ајвар со коцка за супа: Нетипичен, а превкусен рецепт

Ајварот е апсолутен владетел на трпезата во зима. Домаќинките низ цела Македонија го сметаат за неизоставен во празничните и славските денови, а постојат неколку начини да се подготви.

Ви донесуваме еден нетипичен рецепт што ги освои домаќинките, а станува збор за подготовка на ајвар со коцка за супа (бујон).

Состојки:

– 5 кг сечкани пиперки
– 3 литри вода
– 150 г оцет
– 150 г шеќер
– 100 г сол
– 0,5 литри масло
– 1 чаша сенф
– 2 коцки за супа (според рецептот, се користи пилешка коцка)
– конзерванс (според желба)

Подготовка:

Во ладна вода сипете ги оцетот, солта, шеќерот и двете коцки за супа.
Кога водата ќе зоврие, додајте ги пиперките и варете околу 10 минути.
Потоа процедете ги пиперките и измелете ги (во машина или блендер).
Така измелената смеса сипете ја во тенџере со загреано масло, па пржете ја.
Додајте ја чашката сенф (може и помалку) и еден конзерванс (ако го користите) и продолжете да готвите, мешајќи, додека ајварот да ја добие посакуваната густина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот