Домаќинствата не треба да се плашат, за нив ќе има домашна струја

Сметки струја ЕВН / Фото: Драган Митрески. Слободен печат.

Со планот за ископ на јаглен, домашното производство на електрична енергија во целост ќе ги задоволи потребите на домаќинствата, а увозот се прави со цел да се обезбедат дополнителни количини, објаснува за „Слободен печат“ директорот на ЕСМ Васко Ковачевски.

– Договорот со Универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“ го исполнуваме во целост. Целта е да се набават дополнителни количини јаглен за дополнително производство на електрична енергија, откако незјината цена на безрите се зголеми и 3 пати повеќе во однос на ланската цена. Домаќинствата набавуваа струја од „ЕВН хоум“, а компаниите од снабдувач по избор, кој пак купува струја од надвор. ЕСМ му ја продава струјата на ЕВН хоум по ниска цена во однос на онаа на отворениот пазар и така се штити стандардот на граѓаните – вели Ковачевски.

За една година цената на електричната енергија на берзата се зголемила од  56 евра за мегават час на цена што се движи меѓу 140 и 170 евра за мегават, а имаше денови и кога достигна 200 евра. Ако ЕСМ не успее да набави јаглен за дополнителна работа на РЕК Битопа, тоа би значело удар врз компаниите, но индиректно и врзд домачинствата кои преку производите би ја платиле значително поскапената струја на отворениот пазар.

Директорот Ковачевски вели дека при набавка на јаглен законот дава можност за набавка и со преддоговарање, односно да се оди и да се раговара во некој рудник за јаглен.

– Ние правиме транспарентна постапка за да добиеме повеќе понуди и пониски цени – објаснува Ковачевски.

ЕСМ спроведе тендер за набавка на 1,2 милиони тони јаглен. За ТЕЦ „Осломеј“ се бараа 300.000 тони и во првата фаза е утрврдено дека понудите ги исполнуваат барањата. За РЕК Битола е понудена многу мала количина во одос на бараните 900.000 тони јаглен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот