Домаќинот ги отвори картите: Покетино ги избра фудбалерите на САД за Мундијалот
Селекторот на фудбалската репрезентација на САД, Маурисио Покетино, го објави списокот на играчи кои ќе настапат на Светското првенство. Очекувано, главни имиња во составот се Кристијан Пулишиќ, Тајлер Адамс и Вестон Мекени, кои ќе ја предводат американската селекција.
Препорачано
На конечниот список се најдоа 26 фудбалери, а половина од нив беа дел и од репрезентацијата што настапи на Мундијалот во 2022 година.
Останатите 13 играчи за првпат ќе играат на Светско првенство. Меѓу нив се и Крис Ричардс и Мајлс Робинсон, кои го пропуштија претходниот Мундијал поради повреди, како и Ричардс, кој минатиот пат отпадна во последен момент од списокот.
„Убедени сме дека ова е најдобрата група играчи што ќе нè води кон успех на Светското првенство. Донесовме тешки одлуки и им благодариме на сите фудбалери кои беа дел од овој пат. Ова е тим подготвен да даде сè од себе за достоинствено да ги претстави САД и да ги направи горди навивачите“, изјави Покетино.
Интересно е што голем дел од американските медиуми уште во неделата го објавија комплетниот список, откако Покетино претходно ги информирал играчите за своите одлуки. Единствената дилема била дали на списокот ќе се најде Танер Тесман, но сега составот е и официјално потврден.
САД настапот на Мундијалот го отвораат со дуел против Парагвај на 13 јуни, потоа играат против Австралија на 19 јуни, а групната фаза ја затвораат со натпревар против Турција на 26 јуни
Голмани: Крис Брејди, Мет Фриз, Мет Тарнер
Одбрана: Макс Арфстен, Сержињо Дест, Алекс Фриман, Марк Мекензи, Тим Рим, Крис Ричардс, Ентони Робинсон, Мајлс Робинсон, Џо Скали, Остон Трасти
Среден ред: Тајлер Адамс, Себастијан Бералтер, Вестон Мекени, Кристијан Ролдан, Брендан Аронсон, Кристијан Пулишиќ, Џио Рејна, Малик Тилман, Тим Веа, Алехандро Зендехас
Напад: Фоларин Балогун, Рикардо Пепи, Хаџи Рајт
Де Ла Фуенте не сака дебата „Барселона-Реал 8:0“: Ова е Шпанија
ФОТО | Седлоски ги собра фудбалерите за натпреварите со БиХ и Турција


