Фото: ФФМ

ФОТО | Седлоски ги собра фудбалерите за натпреварите со БиХ и Турција

Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска официјално ги стартуваше подготовките за претстојните контролни натпревари против Босна и Херцеговина (29 мај) и Турција (1 јуни). Новиот селектор Гоце Седлоски ги собра репрезентативците во Скопје, каде националниот тим е сместен во хотелот „Хилтон“.

Македонските фудбалери нема долго да останат во главниот град, бидејќи експедицијата наскоро заминува за Сараево, каде во петок ќе го одигра првиот пријателски меч против селекцијата на Босна и Херцеговина.

Вториот тест за „црвено-жолтите“ е закажан за следниот понеделник во Истанбул, каде Македонија ќе се соочи со Турција.

Овие два натпревари ќе бидат прв вистински предизвик за Седлоски на клупата на националниот тим, со јасна цел, формирање конкурентна репрезентација која ќе биде подготвена за настапите во Лигата на нации.

Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот