Домаќинките порано додавале во филот и ореви: Југословенска „лења пита“

Фото: Принтскрин/Domaci recepti/Јутјуб

„Лења пита“ е старински деликатес што го подготвувале многу домаќинки во поранешна Југославија, а популарна е и денес. Се прави тесто што се полни со јаболка и ореви и потоа колачот се пече. Некогаш неделниот ручек не можеше да се замисли без овој десерт, а денес има милион различни рецепти за колач со јаболка.

Состојки:

За тестото:

– 250 г маст
– 2 жолчки
– 1 белка од јајце
– 4-5 лажици шеќер
– 1 чаша јогурт
– 1 прашок за печиво
– 400 г брашно

За филот:

– 1 кг јаболка
– 2-3 лажици шеќер
– 3-4 лажици гриз
– 1 ќесичка цимет
– 100 г мелени ореви
– 1 лажичка прашок за печиво
– 1 ќесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Во маста додајте шеќер и добро изматете. Потоа додајте ги жолчките и белките и матете додека сè не се соедини. Постепено додавајте просеано брашно со прашокот за печиво (половина од количината), а потоа и млекото. Добро замесете и додајте го остатокот од брашното. Тестото не смее да се лепи, па ако е потребно, додајте уште брашно.

Јаболката излупете ги и изрендете ги, па продинстајте ги. Кога ќе омекнат и ќе испуштат малку вода, додајте гриз, ореви, цимет, ванила и прашок за печиво. Сè добро измешајте и оставете да се излади.

Тестото поделете го на 2 дела, а потоа расукајте го со сукало и ставете го во плех за печење. Добро притиснете со раката сè да биде изедначено, па сипете го филот со јаболка и убаво распоредете го. Ставете врз уште една развлечена кора, а ако малку се распадне, само со рацете убаво наредете ја за да го покрие целиот фил.

Печете на 180 степени околу 45 минути. Ако сакате, посипете со шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот