Долгото седење е опасно по вашето здравје!

Веќе со децении лекарите и научниците објавуваат бројни детали за катастрофалните последици врз здравјето од неактивност во текот на денот.

Најновата студија која е објавена во научниот магазин „Plos One“ открива интересни корелации меѓу претераното седење и слабата работа на мозокот, особено кога станува збор за меморијата.

Истражувањата се направени врз 35 учесници на старост од 45 до 75 години. Имено, на овие учесници им се посматра работата на мозокот, додека тие одговараат на прашања за тоа колку биле активни во текот на денот. Резултатите од тестовите кои се направени по пат на магнентна резонанца им дадоа на научниците јасен увид во мозочниот дел, во кој ставаме нови мемории.

Тимот на истражувачи откри интересна информација поврзана со седењето, бројот на активностите и функционалноста на мозокот. Откриено е дека луѓето кои седат подолго имаат потанко мозочно стебло.

Иако оваа студија статички е поврзана со волуменот на мозокот, резултатите не го потврдија мислењето на некои дека, лошата физичка активност ја намалува севкупната способност на мозокот. Сепак, овој тим на научници продолжува со тестови во областа на функцијата на мозокот и неактивноста.

Други здравствени проблеми предизвикани од долго седење

Една постара австралиска студија покажала дека, кај луѓето кои седат најмалку 6 часа дневно имаат симптоми како што се замор, нервоза и депресија. Многу поизразени во однос на оние кои редовно се занимаваат со физички активности.

А, овие податоци не се единствените кои не советуваат да бидеме поактивни во текот на денот.

Имено, мета-анализите во Германија покажуваат дека кај оние што седат повеќе време имаат поголем ризик за добивање рак на дебелото црево, исто така, неактивноста е поврзана со зголемен ризик од дијабетес, дебелина и болка во грбот.

Промена на навиките

Лекарите препорачуваат да се занимавате со некоја физичка активност барем 2 часа дневно. Една публикација објавена во „ British Journal of Sports Medicine“,  зборува за нужната потреба од движење. Тие советуваат, навиката од долго седење која ја имате заменете ја со постојано станување и кратки прошетки. На тој начин тоа нема да биде корисно само за вашиот организам, туку и за вашата ментална состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот