Докторка откри на која група луѓе најмногу влијае промената на летното сметање на времето

Фото: Pixabay / Anna Capictures

Ноќта помеѓу 30 и 31 март ги поместуваме стрелките за еден час нанапред и преминуваме на летно сметање на времето.

Зошто една навидум мала промена влијае на нашето здравје и дали следните неколку дена ќе ни бидат доволни да се подготвиме?

За ова зборувала д-р Бисерка Обрадовиќ за телевизија „Пинк“, која потсетила дека летното сметање на времето е воведено на 27 март 1983 година.

– Сега ќе спиеме еден час пократко, нашиот организам има свој биоритам што го почитува. Недостигот од тој еден час, пред сѐ, ќе влијае на метеоропатите и хроничните пациенти кои пијат терапија во одредено време – навела д-р Обрадовиќ за „Пинк“.

Како што истакнала докторката, оваа летна промена на времето полесно се поднесува.

– Има повеќе сонце, деновите ни се подолги и тоа влијае на нашето расположение, но и на нашето здравје. Сонцето влијае на лачењето на малтонин и сератонин, па полесно ќе ја поднесеме оваа промена – објаснила д-р Обрадовиќ.

Сепак, оваа промена може да го наруши сонот на луѓето.

– Потешко ќе заспиваме, сонот не е толку добар како што е, почесто ќе се будиме – предупредила докторката и нагласила дека на организмот му требаат неколку дена за да се прилагоди.

Добро е, напоменала таа, да се подготвиме за летното сметање на времето во однос на усогласената терапија.

– Може да се појави и лоша концентрација, промена на расположението, раздразливост – истакнала д-р Обрадовиќ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот