Докторите ѝ откриле 20 тумори! Првите симптоми на болеста не ги сфаќала сериозно, а потоа ја добила шокантната дијагноза

Американката Радва Ода не ги сфатила сериозно првите симптоми на болеста. Таа ги припишувала екстремниот замор, губењето на апетитот и варењето на стресот и можниот синдром на нервозно дебело црево. Кога почувствувала болка под десната града, помислила дека градникот ѝ е претесен.

„На почетокот сè објаснував на одреден начин – сметав дека темната крв во столицата е резултат на хернија, а болката под градите можеби е од лошо држење на телоти или од неудобна облека“, изјави 33-годишната Радва, која работи како аналитичар во Хјустон, Тексас, за The Sun.

Како што проблемите продолжувале, таа повеќе пати завршила во собата за итни случаи во август 2021 година. Повраќала и имала дијареа, но лекарите мислеле дека тоа е обична вироза. Ѝ дале инфузија и ја испратиле дома. Но, кога конечно ја испратиле на томографија, се шокирала. Дијагностициран ѝ бил рак на дебелото црево во четврт стадиум, кој се проширил на нејзиниот црн дроб.

„Кога докторот ми кажа дека имам рак, се чувствував како целата соба да се стеснува околу мене. Се чувствував немоќно и бев преплавена од шокот. Не можев да верувам. Се хранам здраво, редовно вежбам, користам природни производи… Мислев дека правам сè што можам за да избегнам ваква болест. А потоа ми рекоа дека имам повеќе од 20 тумори на црниот дроб.“

Радва веднаш почнала со хемотерапија, направила 12 циклуси, а во три операции ѝ биле отстранети дел од дебелото црево и црниот дроб. За жал, новата хемотерапија не помогнала, туморите продолжиле да растат. Моментално учествува во експериментален третман и се надева на подобри резултати.

Денес Радва ја подигнува свеста за ракот на дебелото црево и неговите симптоми.

„Доколку почувствувате промени во работата на цревата, болки во стомакот, крв во столицата или необјаснет замор, не ги игнорирајте знаците. Кога ракот се шири на црниот дроб, може да предизвика болка во десната страна на стомакот, гадење, губење на апетит, надуеност и пожолтување на кожата.“

Иако животот ѝ се променил, таа не се откажува од своите планови.

„Направив листа на желби и сакам да уживам во секој момент. Да пливам со делфини, да го посетам Големиот Кањон, да патувам низ Европа и да одам на сафари. Нема да дозволам болеста да ме дефинира“, заклучи таа и додаде: „Одете на редовни прегледи, а ако нешто не е во ред со дијагнозата што ја добивате, побарајте второ мислење. Жалам што претходно не се изборив за себе, можеби порано ќе ја откриев болеста“.

Пет клучни симптоми на рак на дебелото црево на кои треба да внимаваме:

– Ректално крварење или крв во столицата
– Промена во вообичаените навики на дебелото црево – на пример, почесто одење во тоалет
– Болка во стомакот
– Екстремен замор
– Слабеење

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radwah Oda (@radwah.oda)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот