Доктори од САД со морничави информации: Коронавирусот го напаѓа срцето и предизвикува згрутчувања на крвта

epa-efe
Доктори / Фото: EPA-EFE/MC2 SARA ESHLEMAN/US NAVY HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Лекарите од американските болници испратиле вознемирувачки извештаи кои укажуваат на тоа дека пациентите умираат од „мистериозни крвни згрутчувања“.

На 40 пациенти кои биле позитивни на коронавирус во Атланта им се развиле крвни згрутчувања за кои лекарите од Емори Универзитетот немаат објаснување, рекол докторот Крег Копресмит.

Во извештајот кој е доставен од овој Универзитетот дошло до заклучок дека коронавирусот за кој се верува дека е респираторен вирус не ги напаѓа само белите дробови, туку и срцето, цревата, црниот дроб, бубрезите, па дури и мозокот.

Кардиолог од Бруклин за Дејли меил рекол дека згрутчувањата се одговорни за смртта на многу пациенти заболени од коронавирус, но дека се причина за смрт и на оние кои умираат откако ќе се излечат од коронавирусот.

  • Една од работите кои ги знаеме за коронавирусот е дека предизвикува проблеми со коагулација, односно дека предизвикува тромбоза. Досега видовме дека може да предизвикува згрутчувања на било кои делови на телото – изјави кардиологот, д-р Пол Сендерс.

Коронавирусот поседува единствено „оружје“ кое на вирусот му овозможува да го нападне срцето. Како што објасни д-р Роберт Бонов, професор по кардиологија, коронавирусот има една разлика од обичниот грип, а тоа е дека во телото ги пронаоѓа рецепторите на клетките, кои му овозможуваат за нив да се „прикачи“, а на тој начин ги оштетува белите дробови и крвните садови, но и срцевиот мускул.

– На тој начин развива хиперкоагулација и се прават згрутчувања кои понатаму предизвикуваат срцев удар, објасни тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот