Доктор тврди дека Марадона лесно можел да биде спасен, ќерката на славниот Аргентинец го напушти судењето
Седум здравствени работници се наоѓаат на судење поради сомнежи за несовесно лекување на Диего Марадона. Речиси шест години по смртта на аргентинската фудбалска икона, судскиот процес што со големо внимание се следи во Аргентина открива нови шокантни детали.
Препорачано
Долгогодишниот лекар на Марадона, Марио Шитер, изјави дека легендарниот фудбалер можел да биде спасен доколку навреме добиел основна терапија.
„За околу 48 часа неговата состојба можела значително да се подобри“, изјавил докторот за време на сведочењето, додавајќи дека Марадона имал сериозно задржување течности во телото.
Според него, состојбата била нешто што не би требало да претставува поголем проблем.
„Секојдневно на интензивна нега гледам пациенти во ваква состојба. Им се даваат диуретици за да се намали количеството течност и по 12 часа веќе можат да си одат дома“, објаснил Шитер.
И докторот Карлос Касинели, кој учествувал во обдукцијата, тврди дека медицинскиот персонал морал да го забележи сериозното влошување на здравствената состојба на Марадона.
„Имаше течност насекаде, тоа не можело да се случи за помалку од една недела или десет дена“, изјавил Касинели.
Ќе потсетиме, Марадона почина во ноември 2020 година на 60-годишна возраст, за време на домашно лекување во Тигре, во близина на Буенос Аирес. Официјалната причина за смртта беа белодробен едем и срцев застој.
Седумтемина здравствени работници моментално се на судење поради можна негрижа што, според обвинението, довела до смртта на еден од најголемите фудбалери во историјата. Ако се потврди нивната вина им се заканува казна затвор до 25 години.
Новото рочиште го одбележа и драматична сцена во судницата. Ќерката на Марадона, Џанина Марадона ја напуштила просторијата откако еден од обвинетите за време на сведочењето пуштил фотографии од обдукцијата без претходно предупредување до семејството.
„К****н сине“, извикала таа пред да ја напушти судницата, по што рочиштето било прекинато.
Според аргентинските медиуми, судењето би требало да трае до јули.
Нови тензии во Мадрид: Мбапе јавно се пожали од Арбелоа, тренерот брзо му одговори


