Доктор Чадиковски објави убава вест: Спасени се две бебиња со тешки вродени срцеви маани

фото Твитер

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски денеска им посака убаво и среќно детство на две бебиња кои по постоперативна четириесетдневна борба конечно си заминуваат дома. Бебињата биле родени со најтешки вродени срцеви маани, состојба позната како транспозиција на големи крвни садови, соопшти тој на својот Твитер профил.

„После 40 дена борба две бебиња ( 2.2 кг и 2.8 кг.) со најтешки вродени срцеви мани „транспозиција на големи крвни садови (TGA)”, си заминуваат дома. Им посакувам да имаат убаво и среќно детство! Браво за цел тим!!“, стои во објавата на докторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот