Доколку има добра понуда, можно е Елмас да го напушти Наполи
Елиф Елмас со „наполитанците“ има важечки договор до 30 јуни 2025 година, ја игра третата сезона за клубот од Неапол.
Препорачано
Има натпревари во кои македонскиот репрезентативец ќе блесне, а се одвојуваат и мечеви во кои не се покажува во најдобро издание, па тоа го користат италијанските медиуми да испратат критики и каде треба тимот да се подобри.
Денеска се шпекулира дека доколку за нашиот играч пристигне добра понуда, првиот човек на клубот, Аурелио де Лаурентис сериозно ќе ја разгледа.
Сопственикот Де Лаурентис е свесен дека скоро е загубена трката за Скудетото и планира промени во составот пред почетокот на следната сезона.
Можеме само да потсетиме дека интерес за Елмас покажаа Милан и Интер, барем како што се пишуваше на Апенините.
Моментно нашиот репрезентативец според „Трансфермаркт“ вреди околу 24 милиони евра, а годишно плата има 1,97 милиони евра. Тренерот Лучано Спалети го почитува нашиот играч и не би се согласил за продажба, но тука одлучуваат првите луѓе на клубот.


