Милан и Интер следното лето во борба за македонскиот „дијамант“ Елмас!?

Елиф Елмас / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Италијанските и шпанските медиуми го поврзуваат македонскиот репрезентативец Елиф Елмас (22) со можен трансфер во редовите на Милан, а сега во трката е вклучен и градскиот ривал Интер.

Нашиот фудбалски „дијамант“ има добра сезона во составот на Наполи предводен од тренерот Лучано Спалети со по шест голови и асистенци во 39 настапи во сите натпреварувања.

Тој го облече дресот на „наполитанците“ во 2019 година со договор вреден 16 милиони евра од редовите на турскиот клуб Фенербахче.

Како што пренесува „Марка“, Интер и Милан ги побараа потребните информации од Наполи за Елмас, подготвувајќи се за можен трансфер во следниот летен преоден рок. Договор не би бил постигнат лесно, бидејќи тешки се водат преговори со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

Милан го гледа нашиот играч како замена за Франк Кеси кој ќе ги напушти „росонерите“ на крајот од сезоната.

Можна е трампа која Милан ја нуди до Наполи, односно Елмас за Анте Ребиќ, и двајцата играчи делат пазарна вредност од 35 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот