Дојде крајот на популарната серија „Емили во Париз“ — последната сезона се снима во Грција
Една од најпопуларните серии на „Нетфликс“ – „Емили во Париз“, завршува со шестата сезона. Беше објавено дека следната сезона на романтичната комедија во која глуми Лили Колинс ќе биде и нејзина последна, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
– Ви благодариме што ни дозволивте да бидеме дел од вашите животи, што ги инспириравте вашите соништа за патување и вашата љубов кон Париз – рекол креаторот Дарен Стар во соопштението.
Популарната серија ја следи Емили Купер, маркетинг директорка од Чикаго, која ја глуми Колинс, додека таа се справува со работата, романсата, пријателството и модата во Париз.
Британско-американската ѕвезда Колинс рече во видео: „По шест незаборавни години играјќи ја Емили Купер, тука сум да споделам дека оваа претстојна шеста сезона ќе биде нашата последна. Шестата сезона ќе ви донесе сè што сакате во серијата и ќе послужи како последно поглавје од животната авантура на Емили.“
Lily Collins on set for the final season of Emily in Paris 🥲 pic.twitter.com/aZrMFgnahH
— Netflix (@netflix) May 21, 2026
Ешли Парк, Лукас Браво, Лусиен Лависконт, Самуел Арнолд и Бруно Гуери ќе ѝ се придружат на Колинс за последната сезона.
„Нетфликс“ потврди дека снимањето започнало во Грција, а сцените ќе се снимаат и во Париз и Монако. Не е објавен официјален датум на премиерата за претстојната сезона.
Новите епизоди ќе продолжат со напнатото финале од петтата сезона, во кое повремениот романтичен партнер на Емили, Габриел – кој го игра Браво – ѝ испраќа разгледница со која ја поканува да избега во Грција.
Сценаристот и извршен продуцент Стар рече дека снимањето на серијата „со оваа извонредна екипа и глумци било патувањето на животот“.
„Емили во Париз“, чија премиера беше во 2020 година, е хит на „Нетфликс“, а најновата сезона собра 26,8 милиони прегледи низ целиот свет за 11 дена, според платформата.
Познати повеќе детали за трагичната смрт на снимањето на серијата „Емили во Париз“


