Познати повеќе детали за трагичната смрт на снимањето на серијата „Емили во Париз“
Снимањето на петтата сезона од хит серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ е привремено прекинато по трагичниот настан во Венеција. Имено, неколку дена пред закажаното завршување на снимањето, почина 47-годишниот помошник-режисер Диего Борела, а италијанските медиуми објавија дека трагедијата се случила за време на снимањето на една од последните сцени во легендарниот хотел „Даниели“.
Препорачано
Веста ја шокираше целата екипа, а продукцијата одлучи привремено да ја прекине работата.
Според „Ла Република“, серијата на Нетфликс се снимала во хотелот „Даниели“ во Венеција, Италија, кога 47-годишникот се струполил пред екипата откако наводно доживеал срцев удар. „Индипендент“ објави и соопштение од здравствената служба во Венеција, во кое се тврди: „Нашата брза помош пристигнала во 18:42 часот. Лекарите се обиделе со реанимација, но на крајот сите напори се покажале залудни. Околу 19:30 часот бил прогласен за мртов.“
Според „Индипендент“, снимањето на последната епизода од петтата сезона било привремено прекинато по трагичниот настан, но продукцијата продолжила во саботата. Целиот процес требало да заврши во понеделник, а според достапните информации, починатиот Диего Борела требало да го води снимањето на последната сцена од серијата.


