Фото: илустрација / Фејсбук / Мој Београд

Дојави за поставени бомби во десетици училишта низ Србија

Извештаи за поставени бомби пристигале денеска на електронската пошта на неколку училишта низ Србија, објави Радио телевизија Србија (РТС).

Дојави за наводно поставени бомби добиле училишта во Белград, Заечар, Шабац, Подунавска и Златиборска Област, Сремска Митровица, Нови Пазар, Сјеница, Тутин и Лесковац.

Полициската управа во Ниш потврди дека пријави се примени и од училиштата во општините Алексинац и Нишка Бања.

Училиштата се евакуирани, а специјални тимови на српското Министерство за внатрешни работи се на терен и ја проверуваат веродостојноста на примените предупредувања, информира РТС.

Министерството за внатрешни работи не ги коментираше пријавите или преземените активности.

Крвав инцидент во центарот на Белград: 26-годишник нападнал маж со секира, па мирно ја чекал полицијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот