Додик и Путин
Милорад Додик и Владимир Путин на средба во Москва/ Фото EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Додик побарал помош од Путин во Москва, еве што го замолил

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, порача дека очекува „ригорозен став“ на Москва за состојбата во Босна и Херцеговина и Република Српска, објави „Н1“.

Лидерот на СНСД побарал од рускиот претседател Владимир Путин Русија во Советот за безбедност на ОН да ги оспори одлуките на високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, кого властите на Република Српска не го признаваат и го сметаат за нелегален.

Додик ова го изјави по средбата на делегацијата на Република Српска со Путин во Москва, каде што српските функционери од БиХ беа меѓу малкуте странски делегации кои присуствуваа на воената Парада на победата на Црвениот плоштад – централната руска свеченост со која на 9 мај се одбележува победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

– Средбата потврди дека Руската Федерација во континуитет, без двоумење, во Советот за безбедност ги изнесува своите ставови поврзани со ситуацијата во Република Српска и БиХ – изјави Додик за медиумите од Република Српска.

По Путин, примирје најави и Зеленски: Ќе започне во ноќта на 6 мај

Расправата за Босна и Херцеговина пред Советот за безбедност на ОН е најавена за вторник. Српските функционери од БиХ претходно го нарекоа „памфлет близок до бошњачките ставови“ извештајот што канцеларијата на Шмит го испрати до Обединетите нации. Тие бараат разрешување на германскиот дипломат кој раководи со меѓународната управа во БиХ. Медиумите во БиХ изминатите денови шпекулираа и за можна смена на Кристијан Шмит.

Шмит претходно ги измени одредбите од Кривичниот закон на БиХ со кои се овозможи кривично санкционирање за непочитување на одлуките на високиот претставник. Поради неспроведување на неговите одлуки, Додик потоа беше осуден на една година затвор и шест години забрана за политичко дејствување.

Во Москва, Додик ги потврди и, како што рече, одличните односи меѓу Република Српска и Руската Федерација, наведувајќи дека тие не се промениле ниту откако беа укинати американските санкции што му беа наметнати.

– Во ниеден момент не почувствувавме каква било промена во односите. Напротив, на некои прашања им е посветено многу поголемо внимание отколку порано – рече Додик.

Во делегацијата на Република Српска во Москва беа и министерот за внатрешни работи на РС, Синиша Каран, како и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ.

Додик повторно најави обединување на Република Српска со Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот