Додека сите му се восхитуваа на глумата во „Игра на тронови“, тој гладуваше: Немав ниту за сметки, ниту за децата!

Фото: Профимедиа

Неверојатно е што се може да му се случи на еден славен актер за кој многумина сметаат дека е преполн со пари…

Актерот Џејсон Момоа (41) изјави нешто што многу актери би го премолчиле: „Моето семејство и јас гладувавме по мојата улога во „Игра на тронови“. Долго потоа не можев да најдам работа, а многу е незгодно кога во домот имаш бебе и си должен да донесеш средства“.

Џејсон ја имаше улогата на Кал Дрогот во серијата „Игра на тронови“, но по таа улога не работел ништо и бил во тешка финансиска ситуација. Со месеци се борел да ги плати сметките за станот во Лос Анџелес во кој живее со сопругата Лиса Бонет и нивните две деца: Лола (13) и Накоа Вулф (11).

Фото: Профимедиа

Додека неговите колеги доживуваа огромен успех во текот на прикажувањето и снимањето на „Игра на тронови“, Џејсон Момоа поминувал низ тежок период од животот бидејќи ликот кој го глумеше беше убиен уште во првата сезона од серијата во 2011 година.

Дури неколку години по таа улога, Џејсон беше забележан во Холивуд, па го глумеше главниот лик во филмот „Аквамен“, потоа во филмот „Бетмен против Супермен“ за во 2019 година да го позајмува гласот за лик од „Лего филмот: Втор дел“.

Фото: Профимедиа

Дури и денес Момоа стравува за својата кариера.

„Се уште се чувствувам како избезумено дете кога своето име ќе го погледнам покрај имињата на славните актери“, призна тој.

Мислам дека јас во душата сум војник, но исто така сум подготвен и да кажам „имам проблем и сакам да го решам“. Сите ние во себе имаме и женска и машка страна и треба и двете да ги прифатиме, откри Момоа за магазинот „People“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот