Додека карпошани седат во мрак, Стевчо троши близу 12.000 евра за хотелски услуги

Стевчо Јакимовски
Стевчо Јакимовски / Фото: МИА

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски склучил договор со туристичка агенција за „Хотелски и угостителски услуги за потребите на општина Карпош“.

Вредноста на договорот е 700.000 денари или близу 12.000 евра, со време траење од една година или просечно по 1.000 евра месечно за хотелски и угостителски услуги што ќе ги добива општината, односно градоначалникот, советниците и дел од вработените во администрацијата, пишува Цивил.

Во време на најголема криза, кога постојат препораки за штедење и намалување на трошоците за службени патувања, Јакимовски одвојува 12.000 евра за ручеци и службени патувања.

Истовремено, карпошани секојдневно на социјалните мрежи се жалат за уличното осветлување во општината кое е намалено односно исклучено како резултат на одлуката на општината Карпош да воведе сериозни рестрикции на осветлувањето  како мерка за штедење на парични средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот