Добра жрепка за Металург, Криенс е последна пречка пред Лигата на Европа

фото: РК Металург

Екипата на Металург доби противник по мерка во второто квлаификациско коло кое е последен филтер пред групната фаза од ракометната Лига на Европа.

Металурзите“ за противник го добија швајцарскиот Криенс од Луцерн што претставува одлична можност Металург да обезбеди пласман во групната фаза и да му се приклучи на Еурофарм Пелистер кој не игра квалификации и рејтингот на македонскиот ракомет му овозможи директен пласман во ЛЕ.

Швајцарскиот тим исто како и Металург во првото коло беше поуспешен од хрватски претставник, екипата на Дубрава која ја совлада во двата натпревари, со 29:27 и 28:19. Металург во првото квалификациско коло беше поуспешен од Спачва.

Првиот натпревар ќе се игра на 22. септември во Скопје, а реваншот е една недела подоцна во Луцерн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот