Доби нов мандат: Бугарката Трендафилова останува претседател на судот за ОВК до 2024 година

Фото: EPA/PETER DEJONG / POOL

Судијката Екатерина Трендафилова повторно е назначена за претседател на Специјалните совети на Косово со седиште во Хаг (попознати како Суд за злосторства на ОВК) со мандат од четири години, почнувајќи од 15 декември годинава.

Тековниот четиригодишен мандат на Трендафилова истекува на 14 декември 2020 година, соопшти денеска институцијата. Таа беше назначена на функцијата од органот за именување, амбасадорот Ларс-Гунар Вигмарк, се додава во соопштението.

По овој повод, Трендафилова изрази благодарност за довербата и можноста да ја продолжи својата работа во Специјализните совети во време кога институцијата влегува во нова фаза и се подготвува да почне кривични постапки.

Трендафилова додаде дека е убедена оти постапките ќе се водат на безбеден, на независен, на непристрасен, на фер и на ефикасен начин, во согласност со мандатот на Специјалните совети.

Пред овој суд почнаа постапки против Хашим Тачи и други лидери на ОКВ, а судењата се очекуваат од следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот