Доби 40 години за убиство на сопругата, па го ослободија: Сега се огласи адвокатот на Зоран Марјановиќ и порача
Со одлука на Апелацискиот суд во Белград завчера му бил укинат притворот на Зоран Марјановиќ, објави „Курир.рс“.
Препорачано
Агонијата за случајот со убиството на сопругата на Зоран, пејачката на „Гранд“ Јелена Марјановиќ, трае повеќе од седум години. Зоран Марјановиќ, кој минатата година првостепено беше осуден за нејзиното убиство, повеќе од 12 месеци беше во ќелијата на Централниот затвор и ја чекаше конечната пресуда бидејќи предметот беше во Апелацискиот суд речиси 9 месеци.
Вељко Делибашиќ, адвокатот на Зоран Марјановиќ, за српски „Курир“ вели дека очекува дека судењето на неговиот клиент нема да се повтори и дека Апелацискиот суд ќе го ослободи.
– Одлуката на Апелацискиот суд да му го укине притворот на Зоран Марјановиќ за мене е апсолутно очекувана, бидејќи тоа е единствено можно и единствено очекувано – вели познатиот адвокат за српски „Курир“ и додава дека тој не очекува пресудата со која неговиот клиентот беше осуден на максимална казна од 40 години затвор да биде укината и предметот да биде вратен на почеток.
– Моето примарно барање во жалбата на пресудата што ја разгледуваше Апелацискиот суд, беше пресудата да се преиначи во ослободителна, само заради претпазливост предложив да се укине првостепената пресуда и да се врати на ново судење. Имајќи предвид дека судот го усвои вториот предлог, притворот да му се укине, очекувам и верувам дека ќе биде усвоена и мојата жалба и дека со самото тоа пресудата ќе биде преиначена во ослободителна – објаснува Вељко Делибашиќ.
Зоран Марјановиќ на 22 јули минатата година неправосилно беше осуден на максимална казна и истиот ден му беше одредена мерка притвор. Судскиот совет го прогласи за виновен и соопшти дека според нив несомнено е утврдено дека на 2 април 2016 година ја убил од „ниски побуди“, со удари со тап предмет по главата.
– Очекувам дека по седум години ќе биде ставена точка на постапката, бидејќи нема докази дека Зоран Марјановиќ сторил кривично дело – изјави за „Курир“ Вељко Делибашиќ.
Нов пресврт во случајот со убиената пејачка Јелена Марјановиќ


