9 C
Скопје

До 18 јули треба да бидат испорачани домашните платежни картички, со средства кои може да се користат до средината на август

Деветте банки ги испечатија првите домашни платежни картички. До 18-ти следниот месец треба да бидат испорачани до сите 324.479 корисници, а кои своите средства ќе треба да ги искористат најдоцна до 15 август.

За тоа дали е некој корисник на домашна платежна картичка може да провери на веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk, со внесување на својот матичен број,  а потоа да добие и информација од која банка ќе му биде издадена картичката. Зависно од банката, најголем дел од корисниците ќе ги добијат на домашна адреса. НЛБ Банка со над 100.000 картички ќе ги дистрибуира на домашна адреса, Стопанска банка АД Скопје, исто така со 100.000 картички ќе ги испраќа на домашна адреса, но има опција и да се подигнат од експозитура, а останатите седум банки ќе ги дистрибуираат преку експозитурите. Во некои населени места ќе има означаени и наменски експозитури, а банките ќе имаат и кол-центри.

Домашна картичка ќе добијат и 4394 здравствени работници ангажирани во справување со Ковид-19, кои ќе добијат 40 отсто од последната основна нето-плата. Станува збор за вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и  вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од Ковид-19.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Д-р Митов: мРНА вакцината за некоја година веројатно ќе ја видиме како лек за малигните болести

Издавачи на Домашната платежна картичка се НЛБ Тутунска Банка, Стопанска Банка-Скопје, Комерцијална Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Охридска Банка, УНИ Банка, Централна Кооперативна Банка и Силк Роуд Банка, односно оние банки што изразија интерес за учество.

Граѓаните кои имаат една трансакциска сметка кај банка издавач на картичката ја добиваат од таа банка. Граѓаните кои имаат две трансакциски сметки, картичката ја  добиваат од банката преку која добиваат плата или социјална помош. Оние граѓани пак, кои имаат трансакциска во банка која не е дел од проектот и граѓаните кои немаат трансакциска сметка се распределени кај една од банките според принцип на фер распределба.

Банките на своите интернет страници ќе ја објават постапката за комуникација со клиентите и начинот на нивната достава на картичките, односно доколку лицето е постоечки клиент на банката ќе добие смс порака кога ќе биде готова картичката и како ќе се подигне, а доколку лицето е корисник на финансиска поддршка и нема сметка во банката во која е распределен, банката ќе го контактира и ќе го извести за начинот на издавање и достава на картичката. Граѓаните нема да имаат потреба да одат во банката за да добијат информација кога ќе им биде готова картичката, овие информации ќе бидат објавени на веб-страниците на банките, а ќе функционираат и кол центри.

Прочитајте и...  Анкета: Мнозинството Германци го поддржуваат Седер за наследник на Меркел

Издавањето на картичката ќе биде бесплатно и нема да имаат никакви трошоци,  односно нема да плаќаат надоместоци за издавање, водење, управување до крајот на 2020 година, членарина првата година и нема да плаќаат за затворање на сметката и картичката на барање на лицето корисник.

Ќе ја користат во секаде каде има пост терминали, за купување домашни производи и услуги. За министерката за финансии Нина Ангеловска ова е поттик сите оние кои немаат пост терминал во продажното место да постават, бидејќи сега може да се направи и без трошоци,  а воедно да може да учествува во проектот и да земе дел од предвидените 28 милиони евра.

Средствата во износ од 27,8 милиони евра што со картичките ќе ги добијат 324.479 корисници, кои системски се определени, ќе се влеат во економијата најдоцна до15 август, што за краток временски период ќе се инјектираат висок износ на средства во трговијата на мало и услужната дејност и тоа ќе помогне значително ќе  влијае на намалување на БДП во кварталот во кој ќе се трошат.

Прочитајте и...  Спасовски: Набавката на софтверот не е нарачка на МВР, туку е набавен од Генералниот секретаријат

Картичката е наменета за четири категории граѓани. Првата се со низок доход, односно приматели на социјална помош и невработени како активни баратели на работа во која е 115.927 лица и кои ќе добијат 9.000 денари. Втората е вработени со низок доход каде има 117.144 лица и ќе добијат 3.000 денари, но добиваат и ваучер за  домашен туризам од 6.000 денари. Картичка со 3.000 денари ќе добијат 87.014 лица од 16 години до 29 години, кои се редовни ученици во средно и студенти. И четвртата категорија се 4.394 здравствените работници ангажирани во справување со Ковид-19.ж

Картичката ќе се користи за купување македонски производи и услуги  во ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одмаралишта, сместувачки капацитети, туристички агенции, трговија на мало продавници за храна и пијалоци, зелени пазари, аптеки и фризерски салони и салони за разубавување.

Производите нема да има потреба да се обележуваат поеднечно, туку да се истакнат на посебно место со „Купувам домашно”.

Поврзани вести

Добри вести од Русија: Не е регистриран ниту еден случај на тромбоза по примање на вакцината „Спутник В“

Слободен печат

МГ Фешн: Сакаме да инвестираме во парк и фонтана со површина колку градскиот плоштад на паркингот кај Холидеј ИН

СП.

ВИДЕО | Поранешна полицајка од Минесота обвинета за ненамерно убиство за време на рутинско запирање на возило

Слободен печат

Турски суд нареди ослободување на новинарот Ахмет Алтан

Слободен печат

Ново истражување носи лоши вести: Бразилскиот вид се менува за да ја намали ефективноста на вакцините

Слободен печат

Вучиќ ја назначи Невена Јовановиќ за нов амбасадор на Србија во Северна Македонија

Слободен печат

Остави Коментар