„Дизни +“ го објави филмот „Elephant“ во кој Меган Маркл е наратор! (ВИДЕО)

Фото: Дизни

По Мегзит, актерката Меган Маркл доби работи во каналот на „Дизни“, „Дизни +“, како наратор во документарецот „Elephant“, за кој една нејзина плата е донирана во здружението „Слонови без граници“.

Филмот на овој канал е прикажан на 3 април, а оние кои веќе го гледале тврдат дека Меган во него звучи мирно, сигурно и јасно.

Откако слоновите се упатуваат кон дупка полна со вода, слонот чиј глас го позајмува Маркл вели: „Време е за журка во базен“.

Кога еден од слоновите ќе испушти гас, таа почнува гласно да се смее и прашува: „Ух, кој го направи тоа?“.

„Elephant“, како што пишува „Индепендент“, се обидува да претстави некој вид на реално шоу за „Lion king“.

Филмот е во режија на Алистер Фодергил, Марк Линдфилд и Ванеса Бреловиќ, а може да се погледне на платформата на каналот „Дизни +“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот