Дисингер: Не знам што се случи, игравме добри 40 минути!

sehaphoto

Вардар го претрпе и вториот пораз (по ред) сезонава во Лигата на шампионите и тоа повторно со висока разлика овојпат на гостувањето во Унгарија кај Веспрем.

После мечот на прес конференцијата вообичаено доаѓаат тренерот и еден од играчите, но во овој случај Едуард Кокшаров не се појави пред медиумите, туку тоа го направи тренерот на голманите, Дејан Периќ.

Потсетување дека Кокшаров е само привремено решение на тренерската клупа додека не се најде стратег кој ќе ја води екипата, а Писонеро како што и се најави само беше помошник.

Почнувајќи од високиот пораз во СЦ „Јане Сандански“ пред полни трибини од Кил, а сега и денешниот од Веспрем покажува дека европскиот шампион е во криза и под итно треба нешто да се менува.

– Мислам дека тактички Веспрем се покажа многу подобар од нас. Бевме надиграни во секој аспект од играта. Се боревме, неколку пати доаѓавме до „минус два“ негатива, но Веспрем одигра одлично и заслужено ги освои бодовите – рече тренерот на голманите на Вардар, Периќ.

Ракометарот на Вардар, Кристиан Дисингер:

– Добро се боревме во првите 40 минути, но потоа не знам што се случи. Веспрем возврати со уште повеќе голови во нашата мрежа. Противникот беше многу подобар од нас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот