Дисциплината на децата во Кина шокираше многумина: Дали и нашите деца ќе одат вака во градинка и училиште? (ВИДЕО)

Иако не е позната точната локација на која е снимено ова видео, тоа сепак на најдобриот можен начин покажува како Кина успеа да ја спречи пандемијата на коронавирусот.

Имено, на видеото се гледа детенце во Кина кое доаѓа во предшколска установа и проаѓа низ целосна дезинфекциона бариера.

Завидната дисциплина која така мал човек ја покажува е уште еден доказ како само благодарение на дисциплината и послушноста дури и најмладите можат да помогнат во победата против коронавирусот.

Многумина коментираа дека ова е за секоја почит, останува само да видиме какви безбедносни мерки ќе бидат преземени во нашите градинки и училишта.

Погледнете го видеото:

Уште едно вакво видео, исто така снимено во Кина покажува девојче кое го поминува истиот протокол за да влезе во образовната установа.

Дека Кина сериозно ги применува мерките доловува и ова видео објавено од кинеската новинска агенција China news, која го сподели ова видео на твитер, а се однесува на правилата на кои децата и родителите мора да ги почитуваат пред и по часовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот