Дијана Имери Илкоска / фото: ТВ24

Диригентката Имери Илкоска: Тужев откако раководството на Филхармонија ме игнорираше со месеци

Диригентката Дијана Имери Илкоска, вечерва во гостување на ТВ24 рече дека тужбата против Филхармонија следела по долгиот процес на нејзино игнорирање од страна на институцијата. Таа објасни дека неколку месеци се обидувала да разговара со раководството на институцијата, но оттаму не добила никаков одговор на барањето за трансформација на работното место.

Имери-Илкоска е дел од групата незадоволни вработени во Филхармонија, на кои не им беше продолжен договорот за работа на почетокот на годинава. Во реакција на нејзиното отворено писмо од минатата недела, Филхармонијата тврдеше дека „на диригентката Дијана Имери-Илкоска во ниту еден момент не ѝ било ветено дека работниот однос ќе ѝ биде трансформиран од определено на неопределено време“.

„Тоа беше процес што траеше од јуни 2024 до ноември 2024 и за тој период не добив никаков одговор. Се обидував и јас преку усен и писмен пат, се обидуваше и мојот адвокат но беше залудно. Тогаш покренав тужба и таа е во процес“, рече вечерва Имери Илкоска.

Таа појасни и дека пред да поднесе барање за трансформација на работно место забележала дека институцијата ја тргнала од сезонската програма на Филхармонија, без објаснување. На концертот кој требало да се изведе под нејзина диригентска палка, Имери Илкоска вели дека била заменета со диригент од Либан. Како што објасни таа, тоа било само почеток на развојот на настаните. Веднаш откако била известена дека нема да и биде продолжен договорот, на Дијана и бил забранет влез во институцијата без придружба на специјално лице. Веднаш потоа била избришана и од сајтот на Филхармонија.

Диригентката потенцираше и дека проблемот со позицијата диригент во Филхармонија постои уште од 2019 година кога тоа работно место згаснало во систематизацијата.

„Од 2019 година па се до овој момент во Филхармонија нема постојан вработен диригент, нема ниту асистент диригент. Имаше шеф диригент кој беше странец но ние кои се разбираме во струката знаеме дека е потребен шеф диригент за да се збогати арирмацијата на оркестарот но мора да има и диригент кој ќе работи со орекатарот и кој ќе биде државјанин на нашата земја“, рече Илкоска Имери.

Таа додаде и дека според Законот за работни односи, доколку години има непрекинат работен однос на определен временски период, автоматски на работникот му следи договор за неопределен временски период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот