Директорот на Звезда, Терзиќ одбива да се пресели кај Алиоски

фото: Курир.рс/Дадо Ѓилас

Звездан Терзиќ ја одби можноста да го напушти српскиот тим и да се пресели во Лидс.

Генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ, добил понуда да седне на директорската функција во Лидс каде настапува македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски.
Терзиќ за српски „Курир“, потврди дека добил понуда, но и дека ја одбил.

– Рано ми е за нови предизвици. Се уште не ја завршив работата тука – изјави Терзиќ за „Курир“.

Звездан Терзиќ на директорската функција во Црвена звезда дојде во 2013 година и е најзаслужен што „црвено-белите“ се препородија и во последните две години играат во групната фаза во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот