Директорот на руското разузнавање: Москва не може да ја потврди смртта на ал-Багдади
„Русија не е во состојба да ја потврди смртта на лидерот на екстремистичката група Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади“, изјавил денеска директорот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин во одговор на прашање на ТАСС.
„Ние немаме информации или генетски примероци кои би го докажале тоа дефинитивно“, рекол Наришкин.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 27 октомври рече дека ал-Багдади е убиен за време на специјална операција во Сирија.
Тој се заблагодари на Русија, Ирак, Сирија и Турција на помошта.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека нема доверливи информации за смртта на ал-Багдади.