Трамвај излета од шините во Сараево / Фото: Hayat.ba

Директорот на сараевското ЈСП поднесе оставка по несреќата во Сараево

Директорот на градската транспортна компанија ГРАС, Сенад Мујагиќ, денес поднесе оставка по трагичната трамвајска несреќа во Сараево, во која загина 23-годишно момче, а четворица се повредени, објави Кликс.ба.

Информацијата за оставката на Мујагиќ им ја соопшти на медиумите кантоналниот министер за транспорт, Аднан Штета.

„Откако дознав за несреќата, отидов на местото на настанот, бев присутен цело време и добив предупредување од властите дека не смеам да давам никакви изјави. Кога синдикатот na ГРАС го објави соопштението, добив предупредување од властите да не давам никакви соопштенија бидејќи сум под истрага“, рекол Мујагиќ.

Тој објаснил и за тоа што правел во притворските простории на МУП кога возачот на трамвајот Аднан Касаповиќ бил приведен. Рекол дека претставниците на Синдикатот отишле во притворските простории кај уапсениот возач, дека и тој дошол таму вечерта, но не му дозволиле да влезе.

Причината за неговото доаѓање, нагласува тој, била да даде поддршка.

Зборувајќи за исправноста на трамваите, Мујагиќ рекол дека имало разни дефекти и дека старите возила се повлекуваат. Пет трамваи се расклопени, а деловите се користат за оние што се во употреба.

„Трамвајскиот сообраќај има најдобар тим за одржување. Возачите се професионалци, со задоволство би седнал да ме возат“, рекол Мујагиќ.

ВИДЕО | Камера од автомобил ја снимила трамвајската несреќа во Сараево – Слободен печат

Кога станува збор за несреќата со трамвајот, тој вели дека не знае што се случило, но тврди дека возилото било технички исправно.

„Сè што е направено овде е направено во согласност со законот. Секоја јавна набавка е направена во согласност со законот“, рекол Мујагиќ.

Тој исто така наведува дека плачел секој ден и дека неговиот син му праќал пораки секој ден: „Бабо, ќе те уапсат?“ и дека како директор на компанијата, тој е одговорен затоа што возилото на компанијата што ја водеше било вклучено во несреќата.

Оставката дојде по голем јавен притисок извршен врз Мујагиќ, кој проговори пред јавноста за првпат по несреќата.

И денеска повторно се одржа протест, на кој присуствуваа и се обратија средношколците и студентите кои побараа одговорност од надлежните и транспарентна истрага за причините за несреќата. Организаторите велат дека е важно да се покаже единство, меѓусебна поддршка и солидарност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот