Динамо Загреб објави каква е состојбата со повредениот Адеми

Македонскиот репрезентативец Адеми и натаму не е доволно опоравен од повредата/Фото: EPA-EFE/Domenech Castello

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми во 42 минута го напушти теренот на вчерашниот натпревар против Омонија, кој Хрватите го добија со 2:0 во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

По еден дуел, македонскииот репрезентативец се фати за десната нога и веднаш и сигнализираше до клупата дека нешто не е во ред. Тој извика „Не можам!“ по што му помагаа неколку минути и беше заменет од Јосип Мишиќ.

Постоеше страв од руптура на квадрицепсот, што би го оддалечило Адеми долго време надвор од терените, но повредата не изгледа толку страшна, како што известуваат од клубот.

– Врз основа на големиот интерес на медиумите и некои неосновани информации што се појавија во медиумите, а во врска со шпекулациите за здравствената состојба на капитенот на Динамо, Аријан Адеми, со ова ја информираме јавноста дека завршија дијагностичките тестови кои покажаа помало оштетување на мускулот на десната нога.

Клупската медицинска служба започна со процесот на рехабилитација и физикална терапија, а во зависност од текот на овој процес, ќе се дефинира времето на враќање на нашиот капитен во тренажниот процес. Аријан Адеми денеска се чувствува многу подобро – објавија од Динамо.

Адеми и Ристовски поблиску до третото коло во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот