Динамо славеше во дербито против Хајдук на Пољуд
Фудбалерите на Динамо Загреб постигнаа важна победа од 3:1 во 33 коло од хрватскиот шампионат против Хајдук на Пољуд.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Пред 32.000 гледачи, Динамо ја продолжи својата позитивна серија, а Сплит негативната.
Сега Динамо е прв и има 58 бодови, екипите на Риека и Хајдук имаат по 56, а тимот од Риека има еден натпревар кој ќе го одработи дома против Горица в недела.
Сите голови беа постигнати во второто полувреме, а Динамо поведе во 51 минута по големата грешка на домашниот голман Иван Лучиќ. Стрелецот беше Жулиен Пјер-Габриел. Хајдук израмни во 56 минута со гол на Марко Ливаја, но во 65 минута, Сандро Куленовиќ постигна гол со глава за ново водство и 2:1 за Динамо. Сè беше финиширано во 102-та минута кога Петар Сучиќ беше стрелец за конечни 3:1.
Кај домаќините македонскиот репрезентативец Александар Трајковски играше од 83 минута при негатива од 2:1.
На спротивната страна за гостинскиот тим целиот меч го одигра Стефан Ристовски, додека Аријан Адеми не беше во составот на „модрите“ поради повреда.
Епилог од масовната тепачка меѓу навивачите во Сплит: Двајца тешко повредени, во болница и полицаец


