Димитров остварил телефонски разговор со Дендиас

Никола Димитров / Фото: Слободен печат, архива

Соработката во областа на репатријацијата на граѓаните била тема на разговорот меѓу двајцата колеги.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска остварил телефонски разговор со неговиот колега од Грција, Никос Дендиас во кој станало збор за соработката за репатријација на граѓаните од двете земји.

Ваквата информација на твитер ја сподели министерот за надворешни работи на Грција.

-Телефонски разговарав со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров. Разговаравме за нашата соработка во областа на репатријацијата на граѓаните од нашите две земји, напиша Дендиас на неговиот „Твитер” профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот