Димитров: Изворите на свежи пари се лимитирани, а резервите се истопија

Фото: МИА

Во моментот е повеќе од јасно дека компаниите веќе не може да сметаат на државните пари, за февруарската или за мартовската плата, бидејќи е неизвесно кога ќе се усвојат законите, резигнирани се стопанствениците.

-Додека Собранието е во „мирување“ ни остануваат две опции – позајмици и задолжувања и посегање по остатоците од внатрешните резерви за оние кои се во состојба тоа да го сторат или масовно отпуштање на работниците, за да се скратат трошоците и да се преживее во наредните два до три месеци. Трето нема – вели за „Слободен печат“, Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи.

Според Димитров, неусвојувањето на толку потребните закони, ќе предизвика огромна економска штета, бидејќи компаниите, ја вкалкулираа ветената државна поддршка.

-Додека пратениците се надмудруваат и се прават недоветни, префрлајќи си ја топката од еден на друг, изворите на свежи пари се веќе лимитирани, а резервите се истопија. Петтиот пакет мерки е во собраниска процедура пред повеќе од еден месец, а ќе се сторат четири месеци и за другите мерки. Власта обвинува дека опозицијата е виновна што не се донесени пакетите, опозицијата тврди дека државата нема пари и затоа го одложува гласањето. Во меѓувреме, поголемиот дел од фирмите уште немаат исплатено февруарска плата за своите работници, а таква ќе биде судбината и на мартовската плата – потсетува Димитров. Според него, минимална е можноста и за премостување со владини уредби, бидејќи Собранието треба да гласа и за вонредна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот