Димитриоски прв стрелец во триумфот на Ваљадолид во шпанската АСОБАЛ лига

фото: instagram.com/atlvalladolid/

Во второто коло од најсилното шпанско ракометно првенство составот на Атлетико Ваљадолид на домашен терен со 33:26 триумфираше над Пуерто Сагунто.

Тоа е веќе втора победа за играчите на Атлетико Ваљадолид од стартот на сезоната за моментно четири бодови на второто место на табелата, зад водечката Барселона која има пет бодови од три натпревари.

Најголем придонес во денешната победа имаше македонското лево крило Димитар Димитриоски со шест голови.

Во листата на стрелците е и вториот Македонец во победничкиот тим, Дарко Димитриевски со два погодоци.

Во следниот меч од АСОБАЛ лигата Атлетико Ваљадолид на 22 септември ќе гостува кај Бидасоа Ирун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот