Димитријевиќ: Сакав да играм за Партизан, но понуда никогаш не добив
Македонскиот репрезентативец и плејмејкер на Зенит, Ненад Димитријевиќ, откри дека неговата долгодишна симпатија кон Партизан никогаш не прераснала во реална можност за трансфер. Во интервју за „Basketball Sphere“, 26-годишниот бек истакна дека по заминувањето од Валенсија ја видел шансата да се пресели во Белград, но конкретна понуда не стигнала.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Имав желба да дојдам во Партизан, особено по заминувањето од Валенсија. Мислам дека тоа беше совршен момент, но никогаш не добив конкретна понуда. Точно е дека сакав да дојдам, но не ме повикаа“, изјави Димитријевиќ.
Тој се осврна и на заминувањето на Жељко Обрадовиќ, кого го нарече „најголемата легенда на клубот“ и човек со огромно значење за црно-белите и европската кошарка.
„Тажно е за Евролигата и за Партизан тоа што Жељко си замина. Мислам дека тој е најголемата легенда на клубот. Таму е поголем дури и од кошарката. За жал, не секој крај е среќен“, додаде македонскиот плејмејкер.
Интересно, негов најголем кошаркарски идол е Милош Теодосиќ од ривалската Црвена Звезда: „Уживував во неговата магија. Драго ми е кога и јас успевам да вратам со некое убаво додавање.“
Димитријевиќ, кој настапува за Зенит во ВТБ-лигата, се надева дека руските клубови наскоро ќе се вратат во Евролигата, бидејќи, како што додава, „тоа го заслужуваат“.
Преземено од: Sport.com.mk


