Димитријевиќ и Хувентуд не знаат за пораз во Еврокупот, последна жртва е Уникс

фото: Еврокуп

Екипата на Хувентуд чиj член е и македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ го задржаа максималниот ефект во Еврокупот откако вечерва беше подобра од Уникс со 91:93 по продолжението од пет минути.

Димитријевиќ беше еден од најзаслужен за победата на неговиот тим постигнувајќи 17 поени иако имаше катастрофален шут за три поени, ги промаши сите шест шута. Со одличната игра на македонскиот репрезентативец се надомести отсуството на клучните играчи Анте Томиќ и Пау Рибас.

Победничките поени во продолжението од пет минути ги постигна Бродзинаски со што го остави својот тим со максимален учинок по пет кола. Токму Бродзианки со 20 поени беше најпрецизен во Хувентуд, додека во редовите на Уникс најрасположен за игра беше Џордан Морган со 23 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот