Димитријевиќ и Хувентуд газат во Еврокупот

Бекот на македонската репрезентација, Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентуд продолжуваат со одличните игри во Еврокупот и во третото коло ја забележаа третата победа. Овој пат, Димитријевиќ и Хувентус го совладаа Бахчешехир и тоа на гости со 72:91.

Шпанците уште во првата четвртина покажаа дека се фаворити на овој натпревар, ги добија првите 10 минути со 28:16 и двоцифрената предност ја одржуваат до самиот крај на натпреварот.

Македонскиот репрезентативец беше дел од првата петорка и одигра одлични 20 минути за кои постигна 13 поени, а имаше и осум асистенции и три украдени топки и заедно со Хрватот Анте Томиќ кој даде 31 поен, беа најзаслужни за победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот