Димитриевски: Нема да дозволам да се менуваат плочите со „бугарски фашистички окупатор“

максим димитриевски
Максим Димитриевски / Фото: МИА

Актуелниот градоначалник на Куманово и независен кандидат за втор мандат, Максим Димитриевски, во гостување на локалната телевизија Плус изјави дека додека е градоначалник нема да дозволи, а ниту пак верува дека кој било друг ако дојде после него ќе се осмели да ги менува спомен-плочите на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“, затоа што, како што рече, во тој период „Бугарија била фашистички окупатор како составен дел на сојузот на тие фашистички сили“.

– Во заштита на општината, како општествена личност, јас морав да го искажам својот став, бидејќи вчера помина 11 Октомври, луѓето кои се на спомен Костурница, тоа се наши предци, сите се убиени од страна на бугарскиот фашистички окупатор. Додека сум градоначалник ниту ќе дозволам, а ниту пак верувам дека било кој ако дојде после мене, ќе се осмели да го трга оној дел фашистички, бидејќи во тој период Бугарија била фашистички окупатор како составен дел на сојузот на тие фашистички сили. Не сакам да генерализирам за сите во Бугарија, бидејќи тоа е наш пријателски народ. Но, тој режим во тоа време, нашите партизани, нашите предци, се бореле против тој фашистички режим. Тој што сака да ја промени историјата може да ја менува историјата во неговиот дом и неговата куќа. Но, не и на нашата национална историја. Тоа се разликите, рече Димитриевски.

Димитриевски, кој беше исклучен од Социјалдемократскиот сојуз поради несогласувања со раководството и на локалните избори ќе настапи како независен кандидат, додаде дека има „голема поддршка во рамки на СДСМ, од актуелни и поранешни функционери, носители на високи функции, но најважно – има поддршка од членството“.

УТРИНСКИ БРИФИНГ | Тодоров: Проблем на Бугарија не е дали ќе ги нарекуваме фашисти, туку дали ќе ги нарекуваме окупатор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот