Димитриевски дел од најдолгиот одложен меч во шпанскиот фудбал

Средбата помеѓу Рајо Ваљекано и Албасете стартуваше во декември минатата година, а истата беше прекината поради навредите кон украинскиот напаѓач Роман Зозулја.

Со најдолгиот одложен натпревар во историјата на шпанскиот фудбал продолжува сезоната во второто по квалитет натпреварување, „Сегунда“.

Денеска од 20.00 часот ќе истрчаат фудбалерите на Рајо Ваљекано и Албасете, меч (од 20. коло) кој што беше започнат пред пола година.

Поточно средбата стартуваше декември минатата година, но истата беше прекината кога домашните играчи го навредуваат гостинскиот играч на Албасете, украинскиот напаѓач Роман Зозулја поради десничарските поради, контроверзни фотографии објавени на социјалните мрежи. Поради навредите Рајо доби парична казна од 18.000 илјади евра.

Вечерва ќе се одигра само второто полувреме, а резултатот е 0:0. Албасете ќе игра со 10 играчи на теренот, бидејќи Еди Силвестре доби црвен картон.

Ова е најдолгиот одложен меч во шпанскиот фудбал, претходно рекордот во Шпанија според „Марка“ го имаше натпреварот Осасуна-Реал Мадрид кој започна на 28 јануари 1989 и беше прекинат после 43 минути при резултат 1:0. Истата средба заврши на 5 март 1989 година (конечни 1:1), после „само“ нешто повеќе од два месеци.

Столе Димитриевски, македонскиот репрезентативен голман ги брани боите на Рајо Ваљекано, состав кој моментно е на 11 место во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот