Димитриевски би можел да ја продолжи кариерата во Олимпик Марсеј
Францускиот фудбалски клуб Олимпик Марсеј наводно го направил Столе Димитриевски (32) приоритетна цел да го замени Аргентинецот Херонимо Рули (34) помеѓу стативите, според „Фут Меркато“.
Препорачано
Откако уживаше во одлична втора половина од сезоната со шпанската Валенсија (19 натпревари, 24 примени гола и пет мечеви во кои мируваше мрежата), договорот на македонскиот репрезентативец (88 натпревари) ќе истече следниот јуни.
Можност што изгледа како златна шанса за Олимпик Марсеј, кои ќе мора да се справи со ограничените ресурси за да го освежи својот тим за време на претстојниот летен преоден рок.
Но, потпишувањето на 32-годишниот голман нема да биде лесна задача. И тоа од едноставна причина што неговиот шпански клуб сака тој да потпише нов договор.
Валенсија може да ја активира клаузулата во важечкиот договор на Димитриевски, која потоа би го врзала со клубот до 2028 година, ако се согласат да му платат надомест од 500.000 евра.
Олимпик Марсеј кој го освои петтото место во францускиот шампионат, следната сезона ќе настапува во лигашкиот дел од Лигата на Европа.
Marseille eye Valencia's Stole Dimitrievski (32) as the replacement of Gerónimo Rulli (34). But signing North Macedonian will be no easy task – the details. (FM) ⬇️https://t.co/2o2DCJyGoh
— Get French Football News (@GFFN) May 23, 2026


