Димитриевиќ и Хувентуд со пресврт го совладаа Партизан

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше голем удел во победата на неговиот Хувентуд над Партизан на стартот од сезоната во Улеб Еврокупот.
Хувентуд со пресврт на крајот успеа да слави со 85:82 против српскиот тим.

Партизан од второто полувреме па се до последната четвртина постојано беше во водство кое во одреден момент разликата изнесуваше и 15 поени. Но благодарение на одличната игра во последните 10 минути кои ги добија со 24:11, кошаркарите на Хувентуд на крајот дојдоа до голема победа.
Македонскиот репрезентативен бек во победата на неговиот тим учествуваше со 14 поени. Најпрецизен кај победничкиот тим беше Пау Рибас со18 поени, додека во редовите на Партизан се истакна Рашон Томас со 15 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот