Димитриев: Има нешто проблематично во ПИ-мерките

Членовите на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите денеска ја посетија новоформираната Агенција за национална безбедност. Како што информира претседателот на Комисијата, Емил Димитриев, при денешната работна контрола ги разгледувале актуелните наредби за ПИ-мерки и ги споредиле со логовите

– Има индиција за проблематиката во трансферот на Посебните истражни мерки (ПИ-мерки) за следење на комуникациите од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Оваа индиција треба да ја провериме и во другите државни институции како Оперативно техничката агенција (ОТА) и Врховниот суд. После тоа на седница Комисијата ќе одлучи дали треба да го известиме Основното јавно обвинителство, изјави за „Слободен печат“ Димитриев.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот