Дик Ван Дајк за неколку дена ќе го прослави својот 100. роденден: Актерот ја откри тајната за неговата долговечност!
Холивудскиот актер Дик Ван Дајк за неколку дена ќе го прослави својот 100. роденден, па многумина се прашуваат која е тајната зад неговото неверојатно добро здравје и виталност. Тој признава дека две одлуки во животот се клучни за тоа што и денес е активен и насмеан.
Препорачано
Ван Дајк открива дека целосно се откажал од два порока – пушење и алкохол. Во младоста, признава, претерал со двата, сè додека не сфатил дека мора да престане доколку сака да го сочува здравјето.
„Многу пушев, навистина! Мислам дека веќе бев во педесеттите кога конечно сфатив дека сум зависен. Ако нешто ми се допаѓаше, едноставно претерував“, изјави тој за „Пипл“.
Актерот бил хоспитализиран во 1972 година поради алкохолизам, но вели дека откажувањето од цигарите му било многу потешко. Сепак, успеал да се ослободи од двете зависности.
„Се решив од алкохол, цигари и сè останато и мислам дека токму тоа е причината што сè уште сум тука“, вели Ван Дајк.
Тој неодамна додаде дека уште една навика значајно придонела за неговата долговечност – избегнувањето на негативни емоции.
„Луѓето ме прашуваат: ‘Што направи како што треба?’ Не знам. Прилично сум мрзелив. Но, отсекогаш сум верувал дека лутина го изедува човекот одвнатре – како и омразата. А јас никогаш не развив чувство на омраза. Мислам дека тоа ме одржа“, раскажува актерот.
„Имало работи што не ми се допаѓале, луѓе што не ги сакам или не ги одобрувам. Но никогаш не сум бил способен да развијам омраза. Татко ми постојано беше вознемирен од сè што му се случувало во животот, а тоа на крајот го чинеше живот на 73 години“, додаде тој.
ФОТО+ВИДЕО | Дик Ван Дајк напиша книга: „100 правила за живот до 100 години“


