дијана хрка фото: скриншот/X

Дијана Хрка продолжува да штрајкува со глад десетти ден, едвај стои на нозе — вели дека „ова не оди во добар правец“

Дијана Хрка, мајката на Стефан кој загина при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, веќе десетти ден штрајкува со глад кај „Ќациленд“.

Таа изјави за порталот „Н1“ дека е малку изнемоштена и едвај стои на нозе, „но ќе биде добро“.

„Не знам што да го прашам, вели дека не е одговорен“ – Дијана Хрка одбила да се сретне со Вучиќ

Таа сè уште не сакаше да го коментира повикот на разговор што ѝ го упати претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ниту да открие за што зборувала со него по телефон.

Хрка претходно изјави дека нема да го прекине штрајкот со глад „додека институциите не почнат да си ја вршат својата работа“. Таа вели дека „уште пред вчерашниот топовски удар некои луѓе се обидувале да ѝ пријдат до шаторот, но никој не реагирал“.

„Никој не дојде да го испита тоа, затоа не сакам со никого да разговарам. Ова не оди во добар правец, ниту од нивна ниту од моја страна. Не се заканувам никому, но не дај, Боже, нешто да ми се случи, се знае како ќе заврши ова,“ изјави таа.

Дијана Хрка штрајкува со глад деветти ден — утринава топовски удар го стресол „Ќациленд“?

Таа повтори дека институциите не работат и дека „само ја префрлаат топката една на друга“.

„Зошто го лажете овој народ? Не дај, Боже, некој овде да биде загрозен, нема ни тие да поминат како што треба,“ рече Хрка.

Таа нагласи дека никој нема да дознае за што разговарала со Вучиќ, „сè додека не дојде време за тоа“. На прашањето дали ќе продолжи со штрајкот со глад, Хрка одговори потврдно.

„Јас сум дете кое живееше за време на војната и повеќе беше гладно одошто сито. Бев гладна многупати, нема да го прекинам штрајкот со глад. Можам да го издржам ова и ќе го издржам, нека им е срам,“ рече Хрка низ солзи.

Српските студенти пред Генералштабот: Зградата ќе ја браниме со нашите тела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот