Фото: Принтскрин

„Не знам што да го прашам, вели дека не е одговорен“ – Дијана Хрка одбила да се сретне со Вучиќ

Дијана Хрка, мајката на дете од 16 години кое е една од жртвите по падот на настрешницата во Нови Сад и која штрајкува со глад пред Собранието деветти ден, денеска им се обрати на граѓаните на Србија по телефонскиот разговор со српскиот претседател и рече дека одбила средба со Александар Вучиќ, пишува Данас.рс.

„Ме покани да одам на разговор со него, но бидејќи рече дека не е одговорен за обвинителството, ниту за моите барања, не знам што да го прашам, за што да разговарам по една година“, рече Хрка.

Таа додаде дека верува оти поканата е дадена за Вучиќ да се „стави во преден план“ и да го прикрие фактот дека врз неа е испукан топовски истрел.

„Сакам институциите да си ја завршат работата и да утврдат кој го испукал топовскиот истрел кон мене, кој дошол од Ќациленд“, изјави Хрка.

Вучиќ информираше дека утрово разговарал по телефон со Хрка и со Угљеша Мрдиќ.

„Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад, за да не си наштетат, за да имаат време за каква било политичка борба. Ја замолив г-ѓа Хрка да размисли и ја поканив во Претседателството на разговор“, рече тој.

Хрка го почна штрајкот со глад на 2 ноември во 11:52 часот, по големиот протест во Нови Сад одржан на годишнината од несреќата во која смртно настрадаа 16 луѓе.

Вучиќ ѝ одговори на Дијана Хрка, не пропушти да се пожали колку нему му е тешко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот